Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордна инвестиција од 126 милиони евра во ТИРЗ, платите ќе бидат двојно повисоки од просекот

Рекордна инвестиција од 126 милиони евра во ТИРЗ, платите ќе бидат двојно повисоки од просекот

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ денеска објави дека ќе инвестира 126 милиони евра во нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2, што е рекордна инвестиција во историјата на технолошко-индустриските развојни зони.

Одлуката ја соопшти потпретседателот на германската компанија,  Оливер Бургел, на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.Во новата фабрика на фармацевтскиот гигант „Гересхајмер“ со високо-напредна технологија ќе се произведуваат специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини и сл. Планирано е отворање на над 180 нови работни места со просечна плата двојно над државниот просек. Почетокот на градбата се планира во третиот квартал од 2022 година, додека сериското производство треба да започне во 2024 година.

Ковачевски истакна дека новите инвестиции и вработувања во услови на светска криза, додека Деспотовски нагласи дека Македонија влегува на мапата на земји со висококвалитетни инвестиции од кои има директен бенефит за граѓаните и државата и дека за тоа голем придонес има членството во НАТО.




Слично

Поврзани вести