Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордна имунизација во Србија на денот кога Вучиќ се вакцинираше

Рекордна имунизација во Србија на денот кога Вучиќ се вакцинираше


Денот кога се вакцинираше српскиот претседател Александар Вучиќ бил најуспешен кога станува збор за бројот на лица имунизирани против коронавирус во оваа земја, објавија српските медиуми.

Вакцинирани се вкупно 64.608 лица, од кои скоро 24 илјади (23.628) граѓани дошле на вакцинација без претходно закажан датум.

Досега повеќе од милион граѓани во Србија примиле вакцина Синофарм, за која сите податоци покажуваат дека има убедливо најмалку несакани ефекти во споредба со сите други вакцини.

Врз основа на овие бројки, очигледно е дека вакцинирањето државни претставници пред камерите има исклучително позитивен ефект врз подобра реакција на вакцинацијата, што според експертите, е единственото решение во запирање на епидемијата на коронавирус.


Слично

Поврзани вести