Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

Расте вредноста на златните прачки. За прв пат во историјата вредноста на една стандардна прачка злато е над милион долари.

Пресвртницата се случи во петокот, кога цената на благородниот метал се зголеми на 2.500 долари за унца, што е рекорд на сите времиња. Вообичаено златните прачки тежат околу 400 унци, а тоа значи дека секоја од нив чини повеќе од милион долари.

Златото поскапе над 2.500 долари по троја унца за првпат во историјата. Ваквиот раст е поттикнат од надежите дека Федералните резерви конечно ќе почнат да ги намалуваат каматните стапки во САД. Оваа година е одлична за златото. 

Слично

Поврзани вести