Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорди во 2018: Извршителите не можат да навјасаат

Рекорди во 2018: Извршителите не можат да навјасаат

Извршителите во 2018 година реалзирале 52.515 барања за присилна наплата, што е рекорд и продолжување на низата на се поголем број на извршени решенија, покажува тукушто објавениот извештај на комората на извршители. Имало 62.515 реализации, односно 6.000 повеќе во однос на претходната година. Бројките се зголемуваат од година в година, па така во 2016 тие биле 54.720, во 2012 изнесувале 33.384, во 2009 се евидентирани 22.001, а на почетокот во 2006 година биле само 2.750.

Наплатата изнесувала 127 милиони евра, што е една од „најдобрите“ години за извршителите, иако износот е 40 милиони помалку во однос на 2017 година. Забележително е тоа што решавањето на предметите кои траат над една година се зголемува се повеќе и тоа го засилува наративот на критичарите дека што подолго се држат налозите толку поголем е приходот од каматите.

Додека бројот на случаи чие извршување трае до три, шест и 12 месеци е ист од година в година, забележително е дека се повеќе се зголемуваат оние што траат над еден цел календарски период. Такви во 2018 биле 37.775 решенија, дури 5.771 повеќе од една година претходно. Во 2016-та биле 27,537, а претходно 22.899 во 2016 и 18.453 во 2014-та.

Наплатата од физичките лица и од државата останува иста, додека забележано е подобрување на дисциплината кај правните лица, од кои е наплатено 45 милиони евра помалку на годишно ниво.

Од Комората велат дека во 2018 по средбите со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е надминат застојот на налозите за присилна наплата од пензиите со кој се соочувале извршителите. Министерството за правда кое го контролира работењето на извршителите направило само 9 вонредни надзори по добиени сознанија од инволвирани страни што е убедливо најмалку споредено со претходните години. Комората на извршители минатата година добило околу 250 претставки по присилна наплата, а двајца извршители биле времено суспендирани. Бројот на непарични побарувања драстично се намалува и изнесува само 14 такви.

Во 2018-та имало 97 извршители на ниво на цела Македонија, четворица помалку во однос на една година претходно.

Александар Кузмановски

Слично

Поврзани вести