РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Кои народи најмногу трошат во продавници?
Хрватите трошат најмногу во продавници, покажуваат новите податоци од европскиот завод за статистика Евростат.
Во јуни оваа година, сезонски прилагодениот обем на малопродажба се зголемил за 0,3 проценти во споредба со мај. Највисок месечен раст на вкупниот обем на малопродажба е забележан во Хрватска (3,6 проценти), Шведска (2,6) и Малта (2,2 проценти).
Најголеми падови во јуни, во споредба со претходниот месец, се забележани во Франција (0,9 проценти), Полска и Словенија (и двете по 0,8 проценти) и Данска (0,7 проценти), според првите проценки на Евростат.
Во споредба со јуни минатата година, индексот на малопродажба прилагоден според календарот се зголеми за 3,1 процент во Европската Унија. Најголем годишен раст на вкупниот обем на малопродажба е забележан во Кипар (8,7 проценти), Хрватска (7,4 проценти), Малта и Португалија (по 6,9 проценти). Намалување е забележано во Финска (-1,1 процент) и Словачка (-0,4 проценти).
foto freepik.com
