Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорден скок на акциите на Nintendo по договорот со Apple

Рекорден скок на акциите на Nintendo по договорот со Apple
На вчерашното промотивно шоу на Apple главен гостин беше Nintendo и јапонската компанија за видео игри и конзоли најави дека наскоро ќе ја лансираат првата мобилна игра Super Mario Run која е базирана на класичниот и омилен наслов, а ексклузивно ќе биде достапна за iPhone кон крајот на годината. super-mario-run Тоа придонесе преку ноќ акциите на Nintendo да пораснат за дури 18% што е рекорден раст годинава и го надминаа „хајпот“ кој беше опкружен околу Pokemon Go. Да потсетиме дека Nintendo со години одбиваше да влезе во мобилниот сектор, а се соочи и со пад на продажбата на конзоли. Исто така направија и големо промашување со Pokemon Go бидејќи франшизата и ја доверија на Niantec, па испуштија стотина милиони долари профит. Затоа сега напаѓаат со најомилениот и најпрепознатлив лик на сите времиња - Супер Марио.
Слично

Поврзани вести