Рекорден пад на невработеноста во еврозоната
За прв пат од 3 и пол години невработеноста во еврозоната забележа рекорден пад, засилувајќи ги надежите за закрепнување, пренесе Евростат.
Во јули невработеноста во 19-члената еврозона падна до 10,9 проценти, додека во јуни таа била 11,1 проценти. Фактички за прв пат од февруари 2012 година невработеноста во еврозоната падна под 11 проценти.
Меѓу младите сепак невработеноста останува премногу висока - 21,9 проценти.
Генерално во различни земји невработеноста демонстрира различни нивоа, но сегашниот нејзин рекорден пад ја засилува надежта дека Европа се опоравува по долготрајната должничка криза.
Сепак, аналитичарите предупредуваат дека подобрувањето на пазарот на трудот е скромно и доаѓа по разочарувачките податоци за економскиот раст на вториот квартал.
