Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорден број на траекти со албански иселеници пристигнаа во Драч

Рекорден број на траекти со албански иселеници пристигнаа во Драч

Во албанското пристаниште Драч претпладнево забележан е рекорден број патници, главно иселеници, кои со траекти доаѓаат во родниот крај за време на летните одмори..

Според Капетанијата пристигнале пет траекти со околу пет илјади патници и 1.050 возила. Попладнево се очекува да пристигнат уште два траекта со околу три илјади патници и 600 возила.

Во траектите има и косовски и македонски државјани.

Поради масовното доаѓање на печалбарите, според Капетанијата превземени се сите потребни мерки со цел олеснување на влезот на патниците. 

Исто така зголемен е бројот на траектите кои сообраќаат на релација Бриндизи-Драч и Бари-Драч.


Слично

Поврзани вести