Рекорден број: Еве колку имигранти влегле во Грција за само пет дена
Протокот на имигранти кон Грција се зголеми на 48 илјади луѓе во петте дена до 21 октомври, на највисоко ниво во рамките на една недела досега оваа година, со што бројот на мигрантите кои пристигнале во Европа од Медитеранот, стигна 681 илјади лица. Тоа го објавија од Меѓународната организација за миграција.
Директорот за Блискиот Исток на Агенцијата на ОН за бегалци Амин Ауад изјавил дека руските воздушни напади ги разгореле борбите околу сирискиот град Алепо и придонеле за „динамиката на раселените“ со околу 50 илјади луѓе, но тие не придонеле толку многу за протерувањето на луѓето.
Но, тој истакнал дека бројот на внатрешно раселените лица во Сирија паднал од 7,6 милиони до 6,3 милиони луѓе, пад, кој може да се должи на бегалскиот поток кон Европа, како и на луѓето кои биле пропуштени во последниот попис.
