Рекорден број Бугари се вратиле во татковината - од каде?
Во Бугарија се пријавени рекордни бројки на странски работници и Бугари кои се враќаат во татковината.
Меѓу нив, доминираат оние од Северна Европа – Германија, Велика Британија, Франција, Холандија. Околу 60.000 луѓе се вратиле оваа година, а една третина од оние што емигрирале сакаат да се вратат во Бугарија. Ова го изјави Георги Прванов, експерт за човечки ресурси, во емисијата „Во развој“ на Блумберг ТВ Бугарија, пишуваат бугарските медиуми.
„Според проценките, околу една третина од Бугарите во странство, а тоа се околу 2,5 – 3 милиони луѓе, ја искажуваат својата намера да се вратат под соодветни услови. Доколку тоа се случи, ефектот врз демографијата, пазарот на трудот и инвестициите ќе биде огромен“, истакна тој.
Според податоците од Министерството за труд и социјална политика, само во првата половина од годината се издадени околу 23 илјади дозволи за странски работници, во споредба со 34 илјади за целата минатата година.
foto freepik.com
