Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорд: Над шест милиони странски туристи ја посетиле Бугарија

Рекорд: Над шест милиони странски туристи ја посетиле Бугарија

За првите осум месеци од 2016 година, од јануари до август, Бугарија ја посетиле  над 6 милиони странски туристи. 

Тоа претставува зголемување од 15,7% во споредба со истиот период минатата година. Бугарскиот туризам забележува огромен раст,  а зголемувањето во последните 10 години е над 60%. Ова го соопшти министерот за туризам, Николина Ангелкова. 

„Иако немаме официјални податоци за септември, можеме да кажеме дека ова е најуспешната летната сезона"- рече Ангелкова.

Се зголемува бројот на гости од Германија, Полска, Чешка, Унгарија, Словачка и други земји. 

Постои голем интерес за културно-историскиот туризам, а голема посетеност имаат градовите Пловдив, Велико Трново, Габрово и други. 

Слично

Поврзани вести