Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРД: Двојните избори ќе чинат дури 8 милиони евра!

РЕКОРД: Двојните избори ќе чинат дури 8 милиони евра!
Двојно повеќе пари од првично планираните ќе не чинат изборите годинава. За изборни активности во овогодинешниот буџет беа планирани околу четири милиони евра, но Државната изборна комисија сега пресмета дека за двојните избори - претседателски и парламентарни ќе бидат потребни дури 8 милиони евра. ДИК денеска побара уште едно, второ по ред, зголемување на предвидените средства за избори во висина од 2,5 милиони евра за да ги покрие трошоците за изборни активности, со што вкупната сума се искачи на осум милиони евра. Со ова, овие избори ќе бидат веројатно најскапите во македонската историја. Еве колку чинеа дел од претходните изборни циклуси:
Слично

Поврзани вести