„РЕКОА ДЕКА ТРЕБА ДА МЕ СТРЕЛААТ, ДЕКА СУМ ПЛАТЕНИК“ Професор од Белград поминал шест часа одговарајќи на прашањата на повеќе од 2.000 антиваксери
Проф. Д-р
Горан Брајушковиќ од Биолошкиот факултет во Белград, шест часа разговараше со
антиваксерите на Твитер,
трпеливо одговарајќи на сите нивни прашања за вакцините. Секогаш кога ќе добиел прашање, професорот
одговарал професионално, а другата страна, кога биле незадоволни од одговорите, следувал вербален напад врз професорот. Имено, Twitter пред неколку месеци на
својата апликација додаде Twitter
Spaces каде корисниците на оваа социјална мрежа можат во живо да зборуваат на
различни теми, а целиот
разговор изгледа како своевидно радио шоу.
Професорот Брајушковиќ разговараше со 2.000 луѓе за вакцината и корона вирусот, обидувајќи се професионално да им објасни на луѓето, особено на оние кои се против вакцинацијата, дека грешат и дека тоа што го зборуваат нема научна основа.
Проф.д-р Горан Брајушковиќ во разговорот вели дека е нов на оваа социјална мрежа и дека се нашол во тој разговор, бидејќи еден од антиваксерите го препознал и му дал збор.
- Таму ме препозна антиваксер, а потоа ми дадоа збор. Кога се заврши, рекоа дека треба да ме стрелаат, дека сум платеник... На крајот се вклучија 2.000 луѓе, а преку директни линкови го слушаа повеќе од 10.000 луѓе. Како митинг. Обично зборуваат за тоа дека вирусот не постои, дека PCR не е техника, дека вирусот не е изолиран, дека не трујат, и ги спомнуваат белите траги од авионите на небото, тоа е навистина неверојатно, но јас останав до крај и одговарав, вели проф. Брајушковиќ.
Професорот посочува дека вакцините после антибиотиците се едно од најголемите цивилизациски достигнувања и посочува дека Ковид-19 е системска болест. Покрај анти-ваксерите, имаше и такви луѓе кои го поддржаа професорот на кого му требаше толку време да им објасни на луѓето колку грешат.
- Овој човек на Твитер направи голема хуманитарна работа буквално. Тој се обидуваше да објасни десет години биологија, микробиологија, епидемиологија и хемија за еден час - напиша еден корисник на Твитер.
Кој е професор Брајушковиќ
Проф. Д-р Горан Брајушковиќ е молекуларен генетичар, кој својата цела професионална кариера ја поминал занимавајќи се со наука и настава. Автор е на 55 научни трудови. Дипломските, магистерските и докторските тези ги одбранил на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград.
ФОТО: YouTube Print screen