Реклами на Вотсап: „Статус“ како „Стори“
Фејсбук не ги напушти своите планови за ставање реклами во WhatsApp. Според најновите информации Фејсбук ќе продолжи со реклами во „WhatsApp“ во иднина, но по реализација на планот за обединување на сите негови апликации за пораки. Новите детали доаѓаат откако Вол Стрит Џурнал во јануари објави дека компанијата го стопира рекламирањето на „WhatsApp“ а претходно во 2018 година објави дека ќе има „адс“ во Status, „WhatsApp“ верзијата на Stories.
Од Фејсбук за Engadget потврдиле дека „рекламите на статус остануваат долгорочна можност за WhatsApp“.
Информациите исто така имаат нови детали за тоа како Фејсбук би можел да спроведе насочено рекламирање на апликацијата за криптирани пораки. Компанијата ќе користи телефонски броеви за да одговара на сметките на Facebook и WhatsApp со цел да утврди кои реклами треба да се покажат. Планот е веќе разработен во компанијата, иако, според некои директори, може да предизвика корисниците на WhatsApp да ги избришат своите сметки на Фејсбук.
