Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКИ ОД МИГРАНТИ: Возовите во Гевгелија полни со луѓе кои целат кон западот

РЕКИ ОД МИГРАНТИ: Возовите во Гевгелија полни со луѓе кои целат кон западот

На железничката станица во Гевгелија голем број мигранти се обидуваат да се качат во возот на линијата Солун-Белград и така да влезат во соседна Србија, а потоа да го продолжат патот кон западна или сверна Европа.

Гевгелија се наоѓа во југисточниот дел од земјава, на самата граница со Грција, на 70 км северно од Солун, а на 165 км југоисточно од Скопје.

Шефот на УНХЦР во Србија Ханс Шодер оценил дека политиката на Србија во однос на мигрантите е позитивна и дека државата, со хумани постапки, дава помалку простор за криумчарење на луѓето.

Шодер за виенски „Стандард“ рекол дека Србија барателите на зил не ги апси, туку, со помош на невладини организации и УНХЦР секој ден регистрира до 1200 мигранти.

„Кога државата има хуманитарен пристап, тогаш има и помалку простор за криумчари, бидејќи така никој не мора да стравува од власта“, објаснил Шодер, пренесуваат белградски медиуми.

Според неговите зборови, најавата дека на границата помеѓу Унгарија и Србија се гради ограда довела до тоа бегалците се обидат уште побрзо да дојдат до западна или северна Европа.

„Србија, Македонија, Грција и Унгарија не се конечни дестинации на бегалците. Повеќето мигранти немаат намера да останат, бидејќи имаат семејства или пријатели во западна или северна Европа, кои ги чекаат“, рекол Шодер.

Виенски весник пренесува дека стотици Сиријци седат на земја во парк, преку патот на автобуската станица во Белград, а децата спијат на картон под клупи.

Во текстот се наведува дека тие не сакаат да кажат како се викаат, ниту да се сликаат или регистрираат бидејќи така стравуваат дека никогаш нема да дојдат до безбедно место, туку сакаат, што е можно побрзо, преку унгарска граница да стигнат во Германија.

Слично

Поврзани вести