Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекет, неизвесност, политика: Странските инвестиции преполовени

Рекет, неизвесност, политика: Странските инвестиции преполовени

Судски процеси, рекет, политичка нестабилност во време кога земјата се приближува кон Европската Унија и станува членка на НАТО. Во вакви околности помина 2019 година која инаку требаше да биде најекономска година. Таква можеби и не беше ако се суди и по влезот на странските директни инвестиции. Конечните податоци Народната банка ги објави на крајот на минатата недела - според нив, во текот на 2019 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Од нив 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8 милиони евра се нето приливи по реинвестирана добивка и 4,5 милиони евра по должнички инструменти.

Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.


Странски директни инвестиции:

2019  година  326,3 милиони евра

2018 година   624,49 милиони евра

2017 година  181,73 милиони евра

2016 година  338,43 милиони евра

2015 година  216,72 милиони евра

2014 година   205,14 милиони евра

2013 година   252, 20 милиони евра

Стопанствениците и експертите секако порачуваат дек аМакедонија треба да се фокусира да привлече нов капитал од странство. Зголемувањето на странските инвестиции според нив треба да покрене нов економски циклус. Се сугерира идната Влада да се фокусира на носење капитал - интензивни инвеститори кои ќе ја зголемат и вработеноста на кадар кој е високо квалитетен.

Секако политичките партии најавуваат нови милијарди инвестиции, иако поради изборите, познавачите не очекуваат некој бум и годинава. Секако Македонија има позитивни изгледи поради евентуалниот датум за преговори со ЕУ и членството во НАТО.

Александра Томиќ

Слично

Поврзани вести