Река од гориво се излеа во близина на Њујорк
Над еден милион литри дизел гориво се излеа во близина на брегот на Њујорк, откако регионот беше погоден од ураганот Сенди. Се прават напори за прочистување на водата, соопшти телевизијата Си-Ен-Ен.
Излевањето на околу 1.136 милиони литри гориво е предизвикано од протекување на еден од резервоарите на рафинерија во сојузната држава Њу Џерси во близина на Њујорк. Сопственик на резервоарите е компанијата „Мотива“, контролирана од нафтениот гигант „Шел“.
Активностите за чистење на регионот се организирани од американската крајбрежна стража. Стотици луѓе поставуваат пловечка ограда околу местото на несреќата.
Слично
