Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕК Осломеј конечно започна со работа

РЕК Осломеј конечно започна со работа

Термоелектраната „Осломеј“ во Кичево започна со работа во периодот кога паднаа температурите, дознава „Фактор“. Со тоа, домашното производство на електрична енергија се засилува, покрај она што го има ЕСМ во РЕК Битола.

„Осломеј“ како капацитет се вклучува по потреба последните четири години заради недостиг на јаглен. Последните две години работи само во исклучителни околности. Инсталиран капацитет има од 110 мегавати.

Со „зелената агенда“ на Владата на овој простор во последно време се градат фотонапонски панели, но со енергетската криза сепак приоритетот се насочи кон негово повторно активирање.. Досега се набавени 130.000 тони јаглен за „Осломеј“, а до крајот на следната година предвидено е да се транспортираат уште 170.000 тони. Во меѓувреме беше променет и директорот на оваа подружница на ЕСМ.

Од АД ЕСМ потврдија дека како што било од претходно предвидено, вклучувањето на „Осломеј“ на мрежата на електрична енергија е на агендата од 1 декември. Термоелектраната треба континуирано да работи до април, по извршениот ремонтот во ноември.
- Осломеј е пуштен денес пробно. Со оглед на тоа што е вклучен по одредена подолга пауза и по извршен ремонт од еден месец, се работи внимателно и се проверуваат сите делови на постројката, ни изјавија од ЕСМ.

А.К.

Слично

Поврзани вести