Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕК Битола: СДСМ со шпекулации собира ситни политички поени

РЕК Битола: СДСМ со шпекулации собира ситни политички поени
Откако СДСМ денеска обвини дека дефектите во РЕК Битола не престануваат и покрај модернизацијата, што чинеше над 50 милиони евра, со реакција излегоа од термоелектраната. „РЕК Битола апелира СДСМ да не ја вознемирува јавноста со невистини и шпекулации и да не го користи Комбинатот за производство на електрична енергија како алатка за собирање ситни дневнополитички поени. Вистината е дека нема никаков колапс, ниту хаварија на термоблоковите во РЕК Битола, туку краткотраен технички зафат на еден од постојните три термокапацитети во овој Комбинат. Станува збор за сосема вообичаен технолошки настан во тридецениското функционирање на термоелектраната.”- стои во соопштението на РЕК Битола.
Слично

Поврзани вести