РЕК Битола работи со два блока: Струја и од хидроелектраните и ветерниот парк
Ставен е во функција Блок 1 на Термоелектраната РЕК Битола, соопштија денеска оттаму. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден. Во моментов, РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3.
„Ископот на јаглен во рудникот Суводол е стабилизиран, а се зголемува и интензитетот на ископ во Рудникот Брод Гнеотино. Предуслов за пуштањето на Блок 1 во погон беше огромниот ангажман на сите вработени во РЕК Битола изминатите неколку недели, особено на работниците во рудниците за што раководството на Комбинатот изразува јавна благодарност, стои во соопштението.
Инаку во моментов потребите за сруја се задоволуваат со работата на РЕК Битола, од хидроелектраните и од ветерниот парк Богданци.
