Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕК Битола: Испорачуваме струја според предвиденото!

РЕК Битола: Испорачуваме струја според предвиденото!
Стручни и експертски екипи од термоелектраната РЕК Битола интензивно работат на целосно оспособување на термоблокот 1, кој во месецов беше исклучен од електроенергетската мрежа поради регистрирано техничко отстапување од номиналните параметри во работењето, информираат од РЕК Битола по денешната пресконференција на која опозицискиот СДСМ алармираше за нов дефект во термоцентралата. АД ЕЛЕМ во целост ги испорачува потребните и најавени количини на електрична енергија за овој период од годината кон АД ЕВН, поради што нема потреба за увоз, реагираат од термоелектраната. „Апелираме кон сите општествени субјекти да се воздржуваат од манипулирање со технички параметри, вредности и временски периоди и со тоа да не ја вознемируваат јавноста за работи кои АД ЕЛЕМ, подружница РЕК„Битола“ одговорно, стручно и компетентно ги извршува, во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, стои во соопштениет-реакција.
Слично

Поврзани вести