Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕК Битола е најголем загадувач во Македонија

РЕК Битола е најголем загадувач во Македонија
Термоелектраната РЕК Битола е најголем загадувач во државата и втор  најголем загадувач на воздухот во Европа. Ова го покажува проценката за влијанието на производството на енергија од јаглен врз здравствените трошоци на Западниот Балкан, направена од европското Здружение за здравје и животна средина, пишува Дојче Веле. РЕК Битола според нив  на годишно ниво испушта околу 2.700 тони ПМ 2,5 честички во воздухот, што ја позиционира веднаш зад термоелектраната „Косово А“ која се наоѓа во близина на Приштина. РЕК Битола е на европскиот врв и според емисијата на сулфурен диоксид СО2, со околу 67 илјади тони годишно. Се наведува дека 7 од 10 термоелектрани кои се големи загадувачи на воздухот во Европа,  се наоѓаат на Балканот. Поради штетните супстанци кои ги емитува Македонија, штетите врз здравствениот систем во Европа се движат помеѓу 256 и 720 милиони евра годишно.
Слично

Поврзани вести