Реиндустријализацијата главна тема на годинешниот српски Давос
Главна тема на Копаоник бизнис-форум, оваа година ќе биде „Реиндустријализација и поврзани теми“ а ќе се одржи од 13 до 15 март. како што пренесуваат српските медиуми, според информациите од организаторот на форумот ќе учествуваат 500 учесници, а ќе присуствуваат претставници од владата на Србија, меѓународните финансиски институции и дипломатските претставништва, до претставници од реалниот и финансискиот сектор и универзитетите.
Овогодинешниот бизнис-форум, 20 по ред, се одржува под покровителство на Владата на Србија, а во организација на Сојузот на економисти на Србија (СЕС) и Здружението на корпоративни директори на Србија.
Претседателот на СЕС, Александар Влаховиќ, изјави дека во текот на трите денови, колку што ќе трае форумот, ќе се разговара за теми поврзани со реиндустријализација, ќе бидат одржани 14 панели, една пленарна сесија, шест воведни излагања и две презентации.
„Очекувам жива и интерактивна расправа која ќе ги вклучи претставниците од речиси сите општествени групи, домашни и странски инвеститори, финансискиот и реалниот сектор, меѓународните организации и креаторите на економската и монетарната политика во Србија“, изјави Влаховиќ.
Слично
