Регулаторната комисија уверува дека Македонија нема да остане без нафта и природен гас
И покрај блокирањето на сметката на Макпетрол АД Скопје, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) смета дека пазарот на Македонија нема да остане без нафта и природен гас.
Од таму посочуваат дека пазарот со нафта и нафтени деривати е либерализиран и дека во отсуство на еден или повеќе трговци на големо со нафта и нафтени деривати, може да настапат останатите трговци.
,,Досега од страна на Регулаторната комисија за енергетика издадени се 49 лиценци од областа на нафтата и нафтени деривати, од кои 34 се однесуваат на дејноста „трговија на големо со нафта и нафтени деривати“ - стои во соопштението на РКЕ.
Од таму велат дека од вкупно 280 бензински станици во земјава, 124 се во сопственост на Макпетрол АД Скопје. Па, отсуството на Макпетрл, би го заменале останатите трговци од оваа дејност, велат од Регулаторната комисија.
