Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регулаторна сака да им ја одземе лиценцата за струја ама газдите на Мист енерџи „се снашле“: Сега се под засилена контрола

Регулаторна сака да им ја одземе лиценцата за струја ама газдите на Мист енерџи „се снашле“: Сега се под засилена контрола

Фирма со ист управител на иста адреса како и „Мист Енерџи“ и во моментов има лиценца за снабдување со електрична енергија. „Мист енерџи“ е едната од фирмите за кои Регулаторната комисија за енергетика почна постапка за одземање на лиценцата, но секако тие претходно, уште кога почнале укажувањата, основале нова фирма наречена „Мист енерџи еко“ која и во моментов има „чиста“ и активна лиценца. Од Регулаторната комисија за енергетика за Фактор потврдуваат дека двете фирми се на ист сопственик и дека тоа го утврдиле при процесот на лиценцирање. 

Објаснуваат дека барањето за издавање на лиценца за снабдување со електрична енергија Мист Енерџи Еко го поднела до РКЕ на 27 јули 2021 година, со што предметот влегол во процедура. 

„По извршени административни проверки во однос на доставените документи е утврдено дека истите се комплетни и не постои пречка да се издаде лиценцата. Во текот на постапката РКЕ утврди дека веќе има издадено лиценца за  вршење на дејноста снабдување со електрична енергија на Друштвото Мист Енерџи е на иста адреса со ист управител и воедно се јавува како единствен сопственик на Мист Енерџи Еко, но Законот за енергетика и Правилникот за лиценци не предвидуваат пречки по овој основ за издавање на лиценца. Имајќи ја во предвид утврдената состојба РКЕ во исто време  започна со позасилен мониторинг врз двете компании, велат од Регулаторната комисија за енергетика за Фактор.

Инаку лиценцата на „Мист енерџи еко“ е издадена на 12 август 2021 година.

РКЕ на 7 октомври 2021 година, врз основа на постапки утврдени во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци донесе Одлука за отпочнување на постапка за одземање на лиценца на Мист енерџи. Сепак оттаму велат дека новата компанија – снабдувач „Мист енерџи еко“ и покрај тоа што има лиценца не е учесник на пазарот на електрична енергија.

Во одлуката на РКЕ за одземањето на лиценцата стои дека на Друштвото за производство, трговија и услуги МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со електрична енергија, му се налага најдоцна до 17 октомври 2021 година да подготви и достави до МЕМО ДООЕЛ Скопје како оператор на пазарот на електрична енергија, како и до АД МЕПСО Скопје како оператор на електропреносниот систем, физички распореди во кои треба да ги прикаже трансакциите од билатералните договори при што CPS да биде согласно потребите на потрошувачите кои што ги снабдува со електрична енергија. Обврска било да достави до МЕМО ДООЕЛ Скопје како оператор на пазарот на електрична енергија, копии од сите склучени билатерални договори за купопродажба на електрична енергија согласно Договорот за учество на пазарот но и да ги исполни своите обврски кон потрошувачите во однос на сигурноста и обемот на снабдувањето. На Мист енерџи и се сугерираше и  ги плати набавените количини на електрична енергија, како и резервираниот капацитет и регулираните услуги од операторот на електропреносниот систем.

Инаку освен за Мист енерџи РКЕ почна постапка за одземање на лиценцата и за У повер, фирмата на синот на високиот функционер од ДУИ, Муса Џафери, Арианит Џафери, кој по соопштувањето на одлуката дури физички сакаше да се пресмета со претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.За тоа што не ги обезбедиле потребните колични енергија за компаниите РКЕ стави на црна листа и други компании. ПОвеќето со струја ги снабдуваат и домашните државниинституции и сега сета енергија се надоместува главно од страна на МЕПСО која ги урамнотежува дебалансите.

А.Т.

Слично

Поврзани вести