Регулаторна распиша јавен повик за да ја замени Топлификација?
Регулаторната комисија за енергетика објави јавен повик преку кој ќе бара компанија која ќе биде нов регулиран производител на топлинска енергија во Скопје. Рокот за приијавување ќе трае десет дена до 13 октомври, а лиценцата ќе биде доделена на 35 години.
Право да се пријават имаат компании кои поседуваат или имаат право на користење на капацитети што се наменети за производство на топлинска енергија, не помали од две третини од вкупната инсталирана моќност на приклучените потрошувачи.
Тендерската документација може да се подигне во архивата на Регулаторната комисија за енергетика.
Досега, на пазарот со топлинска енергија функционираат производителите „Топлификација“ и „ЕЛЕМ Енергетика“, но нивните лиценци престанаа со важност лани, кога беше донесен новиот закон за енергетика, кој предвидуваше доделување на нови лиценци.
Неофицијално, некои медиуми објавија дека целта на јавниот повик е да се избере нова компанија која ќе ја замени „Топлификација“ во бизнисот, но според упатените, тоа ќе биде тешко изводливо со оглед на пропишаните критериуми.
Слично
