Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регулаторна пресмета – горивата повторно поевтинуваат

Регулаторна пресмета – горивата повторно поевтинуваат
Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ на бензиските во државава ќе бидат пониски за 1,5 денари. Ова денеска го соопшти Регулаторната комисија за енергетика која донесе ваква одлука врз база на двонеделните пресметки на движењето на нафтата на светските пазари. Според најновите промени во цените на енергенсите од ноќеска на полноќ Еуросуперот БС - 95, Еуродизелот и естра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а Еуросуперот БС - 98 за 1 денар. Еуросуперот БС - 95 ќе се продава за 60,50 ден/лит, Еуродизелот за 51 ден/лит, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 40 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросуперот БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/литар. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,556 ден/кг и ќе се продава за 22,892 ден/кг. Врз намалувањето на цените на горивата покрај падот на вредноста на нафтените деривати на светските берзи влијание имало и тоа што курсот на денарот бил повисок во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.  
Слично

Поврзани вести