Регулаторна комисија за енергетика: Македонија нема да остане без нафта поради случувањата со Макпетрол
Регулаторната комисија за енергетика тврди дека Македонија нема да остане без нафта и нафтени деривати и покрај случувањата со најголемата домашна нафтена компанија Макпетрол.
Според регулаторите во отсуство на еден или повеќе трговци на големо со нафта и нафтени деривати, може да настапат останатите трговци, што е случај и со либерализираниот пазар на гас.
„Досега од страна на Регулаторната комисија за енергетика издадени се 49 лиценци од областа на нафтата и нафтени деривати, од кои 34 од нив се однесуваат на дејноста Трговија на големо со нафта и нафтени деривати. Со ваквата поставеност, пазарот со нафта и нафтени деривати е либерализиран, односно овозможено е учество на повеќе учесници на пазарот и се создадени услови за поголема конкуренција на истиот“.
Во продолжение целото соопштение на регулаторната комисија за енергетика.
http://www.erc.org.mk/odluki/4Soopstenie.pdf
