Регулаторна ги соопшти новите цени на горивата
Од ноќеска на полноќ горивата повторно поевтинуваат, а нивната цена се намалува за дури 3,5 денари за литар.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која во текот на наредните две недели новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 63,5 денари за литар, а Еуродизелот за 52,50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 41,50 денари, односно ќе биде пониска за три денари.
Од ноќеска на полноќ се намалува и цената на мазутот М-1 која ќе изнесува 24,4 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесува 59,26 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 49,7 денари.
Слично
