Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регулаторите ги поскапеа бензините за 2,5 денари, дизелот за половина денар

Регулаторите ги поскапеа бензините за 2,5 денари, дизелот за половина денар
Од ноќеска на полноќ растат цените на бензините. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот за половина денар. Од полноќ, литар бензин Еуросупер БС-95 ќе чини  84 денари, додека цената на Еуросупер БС-98 се искачи на 85,5 денари. Еуродизелот ќе се продава за 71,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 60,5 денари по литар. Како образложение за денешното поскапување на горовата, Регулаторната комисија ја наведе зголемената цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Слично

Поврзани вести