Регулаторна ги објави новите цени на горивата
Познати се цените на горивата кои ќе важат од полноќ. Бензините и дизелот ќе се продаваат по иста цена.
ЕУРОСУПЕР БС - 95 и натаму ќе се продава по 73,00 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,00 денари/литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 64,50 денари/литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар и ќе чини 64,00 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,189 денар/килограм и сега ќе биде 39,864 ден/кг.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто, но се намалуваат само цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, а бензините и дизелот се со иста цена.
