Регулаторна денеска вонредно ќе ги објави новите цени на горивата
По одобрените владини одлуки против кризата и усвоените законски измени за акцизата и за ДДВ, денеска се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги презентира новите цени на бензините и на нафтените деривати.
Собранието ги изгласа измените во законите за ДДВ и акцизи, по што Владата утринава соопшти дека се донесени и одлуките, па денеска РКЕ ќе заседава за да ги регулира цените на горивата според овие измени.
Акцизата за горивата се намалува од 1,2 денари на 4,7 денари, додека ДДВ се намалува од 18 на 10 отсто.
Според овие нацрти, се очекува намалување на цените на бензините за 6,5 денари и на нафтата за 9 денари. Тоа значи дека од полноќ цената на Еуросупер 95 треба да биде околу 86 денари, на Еуросупер 98 - 88 денари, додека на дизелот околу 88 денари.
