РЕГИСТРИРАН Е ЕДЕН ИНЦИДЕНТ: Словенците без сертификат не можат да наполнат ниту гориво
Граѓаните во Словенија без сертификат не можат да наточат ниту гориво.
Словенечките медиуми пишуваат дека поради оваа мерка, метежот на бензинските пумпи бил поголем, еден ден пред воведувањето на рестрикциите. Инцидент како што пренесува „Словенске почетник“, се случил утрово во Брежице, каде возач, незадоволен од објаснувањето дека не може да добие гориво без сертификат, го заклучил возилото на местото каде дошол и ги блокирал останатите, поради што била повикана полиција, а пајак го однел возилото. Сепак, владата ги ослободи возачите во меѓународниот превоз од задолжителните услови за ДСП, така што тие се уште можат да наполнат гориво без поголеми ограничувања, освен што мора да носат маска кога плаќаат на бензинската пумпа. Во Словенија има зголемување на бројот на заболени од коронавирусот. На дневно ниво имаа скоро 1.400 заразени.
