Регионот целосно го либерализира пазарот за електрична енергија – Македонија ќе ја чека 2016
Регулираниот пазар и годинава ќе врши дистрибуција на струја до околу 600 илјади домаќинства во државава откако земјава ја одложи третата фаза од процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија.
Цените на регулираниот пазар ги одредува Регулаторната комисија за енергетика, а според новиот план на Владата либерализацијата ќе почне во јули 2016, со тоа што секоја година ќе се приклучуваат одреден број компании, почнувајќи од оние што имаа најголема потрошувачка на електрична енергија.
Предвидено е процесот за либерализација на пазарот за електрична енергија да заврши во 2020 година кога на слободниот пазар ќе излезат 65.000 компании.
Клучниот аргумент за ова одложување, според владата беше да се заштити стандардот на граѓаните.
Европската енергетска заедница реагираше по однос на ваквата одлука и нагласи дека за разлика од земјава регионот веќе целосно го либерализирал пазарот.
Со либерализација на пазарот за електрична енергија граѓаните ќе имаат право сами да одлучат од каде ќе купуваат струја.
Слично
