РЕГИОНОТ ПОВТОРНО ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ: Полицијата во Загреб со дрон пребарува околу Сава по 37-годишната Маријана-победничката во 2011 во шоуто „Големиот брат“
Исчезнувањето на Маријана Сеифер пред два дена го пријавил нејзиниот сопруг Карло. Загрепската полиција сè уште трага по поранешнатапобедничка на „Големиот брат“ од 2011 година, која исчезна во вторникот околу полноќ. Таа во моментот на исчезнувањето носела кратка жолта маица, црна спортска јакна, црни хеланки со црвено-бела линија и светли патики. По телото има повеќе тетоважи.
Нејзиниот сопруг Карло рекол дека го пријавил исчезнувањето
и дека не може да зборува за околностите бидејќи не ги знае, а по два дена
агонија се надевал дека се ќе заврши добро.
- Немаме нови информации. Полицијата се уште работи, сите сме загрижени. Се надеваме дека добро ќе заврши – изјави Карло Сеифер за Телеграф.рс.
Последен пат сопругот ја видел Маријана на полноќ, кога отишле да спијат, а кога се разбудил, неа ја немало. Како што рече, немало индиции дека ќе се случи нешто такво.
- Исчезна во текот на ноќта, не оставила никаква порака и нема индиции дека може да ја напушти куќата - изјавил Карло, кога го пријавил исчезнувањето во полиција.
Според Телеграф.рс, мобилниот телефон и документите на Маријана биле пронајдени во близина на мостот Младост во Загреб, покрај реката Сава, каде Маријана живее со нејзиниот сопруг Карл. Полицијата денеска со дрон го пребарува просторот над реката Сава.
ФОТО: YouTube Print Screen