Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕГИОНАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: Што мислат за вработувањето и какви проблеми имаат?

РЕГИОНАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: Што мислат за вработувањето и какви проблеми имаат?

Истражување е направено во Србија, БиХ и Хрватска за пазарот на труд, при што во Србија 38% сметаат дека за вработување се потребни врски, во Хрватска истото го мислат 71%, а во БиХ 64%. 

Ова истражување направено од сајтот MojPosao покажува дека Србите највеќе очекуваат покачување на плати, но и промена на работа. 

Околу 23% во Србија чекаат покачување на плата и петтина во БиХ. 

Кога се работи за промена на работно место, 34% планираат промена оваа година, а 24% ако бидат приморани на тоа. 

Во БиХ мал број планираат да ја сменат работата.

Од испитаниците 61% не се плашат за своето работно место, а 32% се загрижени дека ќе ја изгубат работата. 

Државата како работодавец е популарна во Србија и Хрватска, а граѓаните на БИХ се склони кон претприемништво. 

Парите не се најважни за вработените, туку меѓучовечките односи со 40%, а 26% сакаат признание за сработеното. 

Третина од студентите очекуваат работа по три месеци. 

Од анкетираните четвртина одговориле дека кариерата им е многу важна. 




Слично

Поврзани вести