Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕГИОНАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонците со скромни очекувања за висината на платите

РЕГИОНАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонците со скромни очекувања за висината на платите

Истражување за платите покажа дека Македонците во регионот се најскромни, а Хрватите најамбициозни. 

Хрватите  посакуваат повеќе од 1.100 евра плата, а Македонците во просек сакаат плата од 524 евра. Босанците очекуваат 809 евра, а Србите – 606. 

Тоа го покажале резултатите од истражувањето што го спроведе српскиот сајт за вработување „Послови инфостуд“, кон кое се придружиле и партнерските сајтови за вработувањe од регионот – „Мој посао.ба“, „Вработување.ком.мк“, „Мој посао,хр“ и „Делогласник.си“. Како што пренесуваат српски медиуми, анкетирани се повеќе од 5.000 испитанци. 

Години наназад Македонците и Албанците имаат најниски плати во регионот. 

Слично

Поврзани вести