Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регионална соработка во воздухопловството, проблем останува небото над Косово

Регионална соработка во воздухопловството, проблем останува небото над Косово

Со цел заедничко давање услуги на земјите од регионот, десет воздухопловни организации од Југоисточна Европа, денеска во Сараево потпишаа писмо за соработка. Под покровителство на Советот за регионална соработка, иницијативата има за цел да ја зајакне соработката во воздушниот транспорт, преку обезбедување сигурни и ефикасни услуги во воздухопловната навигација, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Документот го потпишаа шефовите на воздухопловните власти на Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Унгарија.

Потписниците на иницијативата за заедничка соработка на земјите од Југоисточна Европа, очекуваат конечно да се отстранат бариерите за отворање на косовското небо.

Слично

Поврзани вести