Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реформите поважни ли се од човечките животи? Тодоров останува министер

Реформите поважни ли се од човечките животи? Тодоров останува министер
Министерот за здравство Никола Тодоров останува на министерската функција. Доби мнозинство гласови од пратниците од 23 гласаа ЗА додека 59 беа ПРОТИВ. Опозицијата до Собранието поднесе интерпелација за министерот Тодоров барајќи од него одговорност за хаосот во здравството меѓутоа, Тодоров , како што пишуваат некои медиуми ја „преживеа“ интерпелацијата. Жестоки дебати речиси 12 часа се водеа вчера во Законодавниот дом меѓу власта и опозицијата. Министерот гордо зборуваше за сите реформи кои се направени во здравствениот систем, а за починатите родилки, загубени животи од небрежност и смртта на малата Тамара, пијаните анестезиолози не беа на листата нешта кои Тодоров ги спомена. Но, не беше исто и со опозициските пратеници кои директно во лице на министерот за здравство му ги набројаа многуте смртни случаи,  починатата родилка од Гевгелија, жените од Шутка, проектот „Мој термин“,  отруениот пациент од Битола, пијаните анестеолози, заминувањето на 700 доктори од земјава и редица други пропусти кои сметаат опозиционерите дека се направени во здравството. Додека пратениците одлучуваа за интерпелацијата на министерот Тодоров граѓански здруженија, новинари и обични граѓани протестираа и бараа оставка од Тодоров. Протестантите повикуваа за одговорност на Тодоров,  „Нашите животи не се твои партиски поени“, „Сакаме систем кој лечи,а не убива“. Тие потенцираа дека на министерот му се поважни реформите отколку човечките животи кои настрадаа низ лавиринтите на здравствениот систем.  
Слично

Поврзани вести