Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Сите незадоволни, ама важно да се турка?!

РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО: Сите незадоволни, ама важно да се турка?!
Екстерното тестирање руши рекорди по нелогичности кои се содржат во тестовите. Учениците и родителите велат дека во секој наставен предмет има смешни, контрадикторни и нецелосно формулирани прашања, па оттука се прашуваат како овие тестови може да бидат мерило на знаењето?! Реагираат и професорите. Оценките од екстерно тестирање на учениците, според Наставничкиот пленум не смеат да влијаат врз успехот на учениците и да го оштетат ученикот на било кој начин. Тие не се валиден и веродостоен показател на знаењата бидејќи во таа крајна оценка како што многупати потенцираа,  влегуваат знаењата, способностите, вештините и  воннаставните  активности. “Се прашуваме дали  екстерното тестирање може да ги провери постигнувањата  од натпреварите, проектни активности, истражувачките проекти, залагањата, ставовите,цел  вредносен систем но и  карактерни особини. Имаме вредни ученици кои имаат први места на училишни, општински и државни натпревари, а не се стимулира нивниот труд. Исто е и со наставниците. Но затоа за казни на било кој начин постојано слушаме. И тоа казни кои просветниот работник неможе да ги покрие со својата скромна плата. Никој не ги споменува постојаните инспекциски надзори казнувањата, обврските за е-дневникот и администрацијата“-велат од Наставничкиот пленум. НЕЛЕГИТИМЕН ПРОЕКТ Од Наставничкиот пленум велат дека  начинот на кој се поставени  прашањата, потоа понудените одговори,  увидот во резултатите, банката на податоци која е непроменета со години, како и бројот на тестирани ученици различен за секој наставник (1-40) кој директно влијае врз оценувањето на наставниците, имликациите врз кариерниот развој  го прават екстерното тестирање нелегитимен проект кој го загрозува квалитетот на образовниот процес. Затоа тие бараат да се ревидира системот на професионален и кариерен развој на наставниците и да се исфрлат законските одредби кои го поврзуваат овој систем со резултатите од екстерното тестирање, како и ревидирање на наставните планови и програми за основно и средно образование, со цел јакнење на квалитетот во образовниот систем на сметка на квантитетот.  “Екстерното тестирање е еден од начините да се провери степенот на исполнување на стандардите во образованието во многу образовни системи. Таквото тестирање се  спроведува со цел да се преиспитаат воспитно образовните цели на национално ниво и дидактички стратегии со помош на кои целите би се оствариле.Но тоа има формативен карактер заради слабостите: знаењата за стварноста се редуцираат врз основа на мерливите знаења и компетенциите се осиромашуваат за оние димензии кои не се објективно мерливи. Најмногу приговори се однесуваат на конструкцијата на тестовите  на пример во Англија бидејќи предизвикување стресни ситуации кај децата. Дали кај нас се размислува за ова?”-прашуваат од Пленумот. Она што во нашиот образовен систем е уникатност, според професорите е токму  екстерното тестирање кое се спроведува секоја учебна година за сите ученици од трето одделение до четврта година средно образование, а резултатите од еден ваков како што велат, парадоксален тест се основа за градење цел еден образовен систем на национално ниво.Дополнително, сметаат дека целиот проект е спроведен незаконски и без научна основа. “Незаконска основа – оценката 1 како (не) преодна оценка, ненаучна основа се огледа во невалидноста на екстерниот тест. Валиден адекватен, или точен е оној инструмент кој го мери само она за кој е наменет – во овој случај САМО знаењата на учениците. Тука се поставува прашање: Што со објективно немерливите знаења: Пр:  9одд. програма по македонски јазик : 1/3 од годишниот фонд наставни часови е предвидена за култура на говор, писмено изразување, есејски прашања, дебати, дискусии, практична работа, истражувачки проекти.Што е со способностите, вештини, ставови, заложби, интересите, чувствата и пред сé – одговорноста”-додаваат просветните работници. ПОСЛЕДИЦИТЕ ЌЕ УДРАТ ВРЗ УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ Последиците од екстерното тестирање, според нив ќе удрат по грбот на учениците и наставниот кадар. Учениците ќе имааат  импликации  врз успехот и  можности за понатамошно школување, а наставниците  по авторитетот и кредибилитетот како и неговиот професионалниот и кариерен развој. Дополнителна дискриминација велат ќе имаат и по однос на плата бидејќи системот  на награди е заснован врз погрешен концепт.На крајот, додаваат директно влијание ќе има и врз работата на училиштата  бидејќи лоши резултати од екстерно водат кон лошо работење на училиштето. Од Наставничкиот пленум реагираат и на работата на синдикалното раководство, кое според нив не ја штити ниту унапредува нивната позиција.  Спогодбата потпишана помеѓу СОНК и МОН за наставниците е лоша одлука на раководстсвото која е донесена без согласност од членството и како таква за нив велат е нелегитимна. “Системот на награди заснован на целосно погрешна основа всушност е систем на казни, оти наградата врз погрешна основа е казна за оние кои ќе примаат помала плата, кои нема да можат да напредуваат во кариерата и кои ќе мора да посетуваат смешни обуки за да научат како да оценуваат.  Наставникот повеќе не сака да биде дел од систем кој самиот нема направено јасно определување и усогласување на насоките, целите и очекуваните исходи. Очигледно се нема доволно капацитет да се  соглоеда суштината на проблемот наречен – екстерен тест и сериозноста на последиците од еден ваков експеримент, непознат за другите образовни системи во светот” -нагласуваат  од Наставничкиот пленум. За нив велат е многу важно да се најдат одговори на суштински битни прашања - какви граѓани е потребно да образуваме за живот и работа во новиот милениум и кои се  предизвиците  во образованието на 21ви век? “Ако образовните системи во Европа правеа темелни реформи 90тите години на минатиот век, а денес нивните ученици се на првите места во меѓународните тестирања, а денес повторно се предводници на нови темелни реформи во кои ги укинуваат предметите, тогаш јасно е дека ние навистина со сите слабости имаме потреба од ревидирање на воспитно образовните цели на образованието низ кои ќе поминат децата кои ќе создаваат во друго време”-сметаат наставниците. СИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ, РЕФОРМИТЕ ТЕРААТ Грешките и слабостите според нив треба да се  бараат во системот и отсуството  од стандарди кои нема да бидат присутни само декларативно на хартија, туку ќе бидат дел од работата на училиштата. “Сега имаме образовен систем кој има незадоволни наставници, незадоволни ученици, незадоволни родители, незадоволни граѓани. Сега имаме систем во кој учениците покажуваат слаби резултати на тестирањата кои се дел од меѓународните проекти. Имаме ученици кои трпат сериозен стрес заради екстерното тестирање со сериозни последици.Тука се поставува прашањето: Што е со стандардите во просторните, материјално – техничките услови во нашите училишта, наставни планови и програми, настава и учење, учебници, прирачници, дидактички помагала и стручна литература, што е со професионалниот развој и стручното обучување на наставниот кадар, поддршка на ученици, раководење и соработка со локална заедница и родители? Што е со стандарди за здрава исхрана и продолжен престој во училиштата? Што е со стандардите во ученичките домови? “-додаваат од Пленумот. Подобрување на образовниот систем или коренити и суштествени промени кои ќе значат нов почеток, според професорите треба да се бара во примерите од образовните системи на европските држави кои имаат традиција во постоење високи образовни стадарди како предуслов за успешни резултати во работата на училиштата. С.Б.
Слично

Поврзани вести