Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФОРМИ ВО МЕДУМИТЕ: Што сѐ предлагаат странците

РЕФОРМИ ВО МЕДУМИТЕ: Што сѐ предлагаат странците

На денешните преговори за реформи во медиумите, посредникот Питер Ванфауте претстави готово решение од меѓународната заедница за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

Со решението, меѓудругото се предлага да се укине радиодифузната такса и јавниот сервис да се финансира од буџетот.

Исто така, се предлага ревизија на системот за казни, со што би се  обезбедило Законот за аудио и аудиовизуелни услуги да не им се заканува на медиумите со санкции туку да ги охрабрува.

Ванхауте смета дека клучна реформа е деполитизацијата на Агенцијата за медиуми. Предлогот е сегашните надлежности на директорот на Агенцијата да бидат префрлени на Советот на Агенцијата. Директорот да има само извршна функција.

Освен тоа се предлага членовите, а Советот на агенцијата да се бираат со двотретинско мнозинство Парламентот да распише јавен оглас за избор на членови на Советот на Агенцијата. Кандидатите треба да обезбедат препорака од две невладини организации, од новинарска асоцијација, од синдикат на новинарите или од два универзитета.

Меѓународната заедница предлага нов начин на казнување во случај на прекршување на законите. Прво ќе се разговара со луѓето што направиле прекршување, па доколку нема резултат, Советот ќе изрече предупредување. Крајна опција е казна, чија висина ќе ја одреди Советот.

Со решението се предлагаат и реформи во надлежностите и начинот на функционирање на Агенцијата за медиуми и комплетна реконструкција на Македонката телевизија во рок од пет години.

Денешните преговори ги бојкотираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ која револтирана од предложените реформи го напушти состанокот во Клубот на пратеници.

Посредникот Ванхауте ја критикуваше оваа постапка и порача партијата што побрзо да се врати на преговарачката маса.

Слично

Поврзани вести