Реформи или ДУИ ќе остане без Ермира Мехмети?
Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети ќе замине од редовите партијата.
Најгледаната албанска телевизија ја соопшти оваа информација пренесувајќи дека Мехмети ќе дејствува како независна пратеничка.
Вчера на профилот на Фејсбук пратеничката побара реформи во ДУИ, критикувајќи ги министрите од нејзината партија.
„Asnje funksion politik nuk eshte i perjetshem, me se paku funksioni i Ministrit!
#REFORMA tani!“, напишала таа на Фејсбук.
Засега нема официјална потврда од нејзина страна за оваа информација.
Во јавноста Ермира Мехмети е позната по честите критики кон власта и министрите од ДУИ.
Во март годинава таа излезе со мислење дека дека доколку се формира преодна Влада за да се надмине политичката криза, би требало премиер да биде Албанец на чело на истата.
„Во услови кога двете партии од македонскиот блок се длабоко разединети и на различни страни, само албанската етничка заедница, која директно не учествува во кризата, може да биде посредник“, напиша Мехмети на нејзиниот фејсбук профил.
Таа тогаш рече дека преодната Влада освен решавање на политичката криза, би имала мандат и да го реши спорот за името.
