Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕФЕРЕНДУМ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА: До 11 часот гласале 17.68% од гласачите

РЕФЕРЕНДУМ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА: До 11 часот гласале 17.68% од гласачите

Во Република Српска се одржува референдум на кој 1.219.399  граѓани одговараат на прашањето „Дали поддржувате 9 јануари  да се одбележува и слави како Ден на Република Српска?“.

До 11 часот гласале 17.68% од гласачите.

Околу 1.900 гласачки места се отворени утрово во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот. 

Комисијата за одржување на референдумот на секои два часа дава информации за излезноста, а првите резултати ќе бидат познати во текот на ноќта. 

Законот за референдуми дефинира дека тој е важечки доколку на него гласаат повеќе од 50% од граѓаните впишани во гласачкиот список.

Претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ во разговор за Дневни аваз кажа дека денешниот референдум во ентитетот Република Српска е „ескалација на самоволието на претседателот на РС Милорад Додик“.

Бошњачките функционери во телата на власта во РС и БиХ ги повикаа Бошњаците да не наседнуваат на провокации и да не ги напуштаат своите домови.




Слично

Поврзани вести