Економија, финансии, бизнис

Контакт

Референдум може да го реши прашањето за смртната казна во Турција

Референдум може да го реши прашањето за смртната казна во Турција

Прашањето за враќање на смртната казна во Турција може да биде разгледанo на референдум. Ова го изјави министерот за надворешни работи на земјата Мевлут Чавушоглу во интервју за германскиот весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

„Можно е одлуката на ова прашање да биде донесена на референдум“, рече министерот. Според него поддржувачите на владејачката Партија на правдата и развојот инсистираат на враќање на казната.

„Ние добиваме илјадници пораки на „Твитер“, во кои ни пишуваат дека ако повторно не ја донесеме смртната казна, ние нема повеќе да гласаме за вашата партија“, рече министерот.

Тој исто така ги отфрли критиките од страна на ЕУ, чии претставници и се заканија на Анкара дека при враќање на смртната казна ќе go прекинат нејзиниот процес на пристапување кон Унијата. „Европската унија нема право да н3 поучува по ова прашање“, изјави Чавушоглу.

Слично

Поврзани вести