Економија, финансии, бизнис

Контакт

Редици за гласање пред македонската амбасада во Швајцарија

Редици за гласање пред македонската амбасада во Швајцарија
Од утрово отворени се гласачките места за гласање во дијаспората, во трите изборни единици. Најголем интерес за гласање има во Швајцарија, каде во амбасадата во Берн за гласање се пријавиле 4.131 лица. Од отворањето на гласачкото место таму има редици иселеници кои чекаат да го остварат гласачкото право, најголемиот дел од нив само на предвремените парламентарни избори, бидејќи не беа регистрирани претходно за гласање на претседателските избори. Во дипломатските претставништва во Москва и Осло дијаспората гласа само за предвремените парламентарни избори. Во 36 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија за гласање на парламентарните избори се пријавени 23.782 македонски државјани кои работат или се на привремен престој во странство. За вториот круг од претседателските избори, пак, запишани се 8.332 македонски државјани кои ќе гласаат на 34 избирачки места. Фото: Алсат-М
Слично

Поврзани вести