РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН: Господар на истокот, или автократ чија ѕвезда брзо темнее?
Како што пропадна пучот, Ердоган веднаш започна со одмаза, војниците – бунтовници, молат за милост. Едно од клучните прашања поврзани со ситуацијата во Турција е кој се плаши сеуште од пучот. Секако дека, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, очигледно не се плаши. Пучот против него е задушен за само неколку часа.
Воените удари во Турција многумина ги сметаат како еден вид на фолкор. Војската низ историјата секогаш интервенирала во ситуации кога сметала дека владата на Турција работи спротивно од интересите на народот, но дури тогаш кога населението од нејзе тоа го барало. Сепак, за разлика од минатите државни удари, кои ги предводеле луѓе од самиот врв на војската, овој го поведоа пониско рангираните офицери, што е една од причините поради кој планот за рушењето на Ердоган пропадна.
Подршка на народот
За разлика од минатите „срушени“ турски лидери, Ердоган ужива голема доверба кај народот, а доказ за тоа е и мнозинството кое го освои на претходните избори. Повеќето велат дека без оглед што мислат за него, имајќи ги предвид критиките на Западот - дека е диктатор кој ја гуши демократијата, факт е дека после Кемал Ататурк, Ердоган е политичка фигура која турците најмногу ја почитуваат. Токму и за време на пучот кога ги повика луѓето да излезат на улица и да се спротивстават на предваниците и тоа во моменти кога и неговата судбина беше неизвесна, народот го послуша претседателот и излезе пред тенковите.
Доверба од полицијата
Покрај народот голема подршка на Ердоган и на неговата влада и даде и полицијата, која се спротивстави на пучистите и ги уапси организаторите. На прашањето зошто е тоа така, одговорот е едноставен бидејќи една од првите реформи која ја спроведе Ердоган со самото доаѓање на власт беше јакнење на полицијата.
Ердоган тоа го направи токму поради големата недоверба која ја имаше во војската и поучен од минатите пучеви кои ги искусија некои од неговите претходници. Затоа тој полицијата ја модернизираше, на вработените во полицијата им даде подобри плати и подобар статус и со самото тоа ја купи нивната доверба.
Смени во воениот врв
Турскиот претседател Ердоган откако ја придоби полицијата на своја страна се сврте кон војската, отпушти голем број на генерали и полковници кои беа во воениот врв пред неговото доаѓање на власт и на тие позиции постави свои луѓе. Со самото тоа оневозможи да во ерата на неговото владеење се случат пучови слични на оние од минатото, тоа најдобро може да се види во овој пример, бидејќи воениот врв застана позади својот претседател, а самата побуна ја водеа пониските припадници на војската. Оваа победа Ердоган сигурно ќе ја искористи со цел да во потполност „загосподари“ со војската, што значи дека ќе има легитимна причина да ги отстрани сите свои неистомисленици и така да ја зацементира позицијата на најмоќен човек во Турција. Со тоа неговите најостри критичари би рекле - тој се приближи чекот погоре до статусот на султан.
Има ли подршка од надвор
Обидот за пуч во Турција, воопшто не беше наивен, без оглед на тоа што беше задушен за неколку часа. Во прилог на тоа оди и фактот, дека улиците беа излезени тенкови, а хеликоптерите ги решетаа зградите на државните институции, додека пратениците и политичарите се криеа на непознати локации. Една од главните прашања кое се поставуваше е - дали пучот имаше странска подршка?
Со оглед на фактот дека врвот на војската е со Ердоган, некој морал да ги организира пониските припадници на војската да се впуштат во крвави судири со полицијата и приврзаниците на претседателот во кои загинаа стотици луѓе. Повеќето сметаат дека во Турција не постојат доволно моќни луѓе кои би можеле да го срушат режимот на Ердоган. Ако на тоа се додаде и фактот дека светските лидери подршката на Ердоган му ја дадоа дури откога стана јасно дека пучот пропадна, и со самото тоа се проширува „списокот на осомничени“ за сите теоретичари на заговорот.
Курц: ЕУ мора да бара од Ердоган почитување на законите
Земјите од Европската унија треба да испратат остра порака за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоан за почитување на владеењето на законите и правото по неуспешниот обид за воен удар, изјави вчера австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
„Австрија на седницата на советот на министри за надворешни работи ќе бара Европа јасно да му покаже на (рускиот претседател Реџеп Тајип) Ердоган до каде се границите“, изјави шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц пред средбата во понеделник во Брисел. Многу од земјите членки на ЕУ го делат австрискиот став, истакна Курц. Тој го осуди фактот дека близу триста лица се убиени во текот на обидот да се изведе пуч.
„Меѓутоа, не смее да има произволни чистки, ниту казнувања кои би биле надвор од постојните правни и легални рамки“, истакна Курц.
Ердоган бара САД да го испорача Гулен
Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека не добил никакво барање да го испорача муслиманскиот верски водач Фетулах Гулен, кој со години живее во САД. Турскиот претседател Ердоган лично го обвнини Гулен, својот поранешен соработник, дека стои позади пучот.
Уништена премиерската канцеларија
Меѓу просториите кои беа демолирани во воздушниот напад на пучистите врз зградата на Парламентот и министерствата, се најде и канцеларија на турскиот премиер Бинали Јилдирим, и на истата ќе и биде потребно големо реновирање.
Затворена НАТО базата во Турција
НАТО базата „Инџирлик“ во Турција е затворена, при што и е пресечен и доводот на струја, соопшти конзулатот на САД. Воената база „Инџирлик“ е постојана база на единиците на турското воено воздухопловство и во неа се наоѓаат и околу 1500 американски војници.
Ердоган тргнува во освета
После пропаднатиот пуч, Ердоган ќе биде суров и сурово ќе постапува против сите свои противници и непријатели и тоа не само во војската. Секој кој било кога бил критичен спрема него, сега ќе биде осомничен за предавство.
Михаил Лидерс, експерт за блискиот Исток во интервјуто за Дојче веле ќе истакне дека ќе има големи чистки во Турција.
Сменети судии
Властите во Турција сменија 2.745 судии, а 2.839 војници се уапсени поради сомнеж за учество во обидот за државен удар, кој се случи синоќа.
Сменети се и пет членови од Советот за судии и обвинители, кое важи за највисоко судско тело во Турција, пишува турската државна агенција Анадолија. Поранешниот командант на воздухопловните сили на Турција, генерал Акин Озтурк и неговиот зет полковник поручник, Хакан Каракуш се главните лица кои стојат зад обидот за преврат во Турција, објави турската телевизија СНН-Турк.
Ердоган бил на нишан
Во текот на кулминацијата на неуспешниот обид за воен преврат ноќта кон саботата двајца заговорници пилоти на ловци „F-16s“, го имале на нишан авионот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и засега не е познато зошто не стрелале и му овозможиле да го продолжи летот.
„Најмалку два авионот F-16s го следеле авионот на Ердоган додека беше во воздух на пат за Истанбул. Тие на радарите го нишанеле авионот и другите F-16s кои беа во негова придружба. Загатка останува зошто не пукале“, изјавил за Reuters поранешен офицер упатен во настаните..Висок турски функционер потврдил за агенцијата дека два авиона од типот „F-16s“ го следеле авионот со претседателот Ердоган веднаш по полетувањето од аеродромот во летувалиште Мармарис.
Иванов со особено внимание ги следел состојбите во Турција
Шефот на државата, Ѓорге Иванов, со особено внимание ги следел настаните и развојот на состојбите во пријателска Република Турција и се огласи по обидот за државен удар. Иванов велат од кабинетот бил во постојан контакт со сите безбедносни институции во земјава, со Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и со Армијата на Република Македонија и превзема мерки за превенирање на заканите и ризиците.
„Кризниот менаџмент на Република Македонија ги следи состојбите во сите држави од регионот кои се соочуваат со безбедносни закани и мигрантската и бегалска криза. По добивањето на податоците за намерите на вршење на воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презема низа мерки и активности за заштита на државната граница. Информираме дека во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба“, велат од кабинетот на претседателот и додаваат дека Македонија ja поддржува демократски избраната влада на Република Турција која како земја членка на НАТО и како исклучително значајна држава во соочувањето со глобалните предизвици e голем пријател и стратешки партнер на Република Македонија.
Кој е Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган е роден на 26 февруари 1954 во , Истанбул, Турција. Оженет со Емина Ердоган, со која ги има четири деца, две ќерки и два сина. Во текот на 1967 година, Ердоган живеел во Истанбул. Завршил на факултетот на факултетот за менаџмент во 1981 година. На осумнаесет години стапил за прв пат во политичките води. Во периодот од 1969 до 1982 година бил полупрофесионаленфудбалер.
Политичка кариера
За градоначалник на Истанбул бил избран на локалните избори од 27 март 1994 година. Подоцна, тој бил одусен на казна затвор поради потикнување на верска омраза. По ова, тој ја основал Партијата за правда и развој. Партијата, по само една година од своето основање, во 2002 година забележала победа на парламентарните избори. Во почетокот, Ердоган не бил премиер, туку на таа функција стапил на 14 март 2003 година. По 45 години, преговорите за пристапување на Турција во ЕУ биле отворени за време на неговиот мандат. Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, била донесена под контрола и на турската лира и биле отстранети шест нули. Каматните стапки на јавниот долг биле намалени, а доходот по жител на Турција значително пораснал. Неговата партија победила на изборите од 2007 година.
Ердоган, исто така е цел на многу критики, во прв ред поврзани со нарушувањето на секуларнииот карактер на државата. Во 2009 година, Ердоган станал популарен помеѓу арапскиот свет, обвинувајќи го израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција бил пречекан како национален херој. Во текот на 2010 година, тој ја посети Атина, што претставуваше историски настан за односите помегу двете земји.
Нова претседателска палата со 1150 соби
Во 2014 година, на периферијата на Анкара беше отворена новата претседателска палата со 1.150 соби, што предизвика критики како непотребна екстраваганција и демонстрација на тоталитарната власт. Истовремено, Ердоган беше обвинет за мегаломанија и за градење на култ на личноста. Во март 2015 година, лекарот на Ердоган, Џевдет Ердол изјавил за весникот „Хуриет“ дека храната што ја јаде Ердоган постојано се проверува поради неговиот страв да не биде отруен. Исто така, тој најави дека во претседателската палата ќе се изгради лабораторија за анализата на храната што се подготвува за претседателот..
Обвинувања за илегална трговија со Исламската држава
Синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Билал Ердоган, и покрај обвинувањата тврдеше дека не е вмешан во илегална трговија со нафта со Исламската држава и дека неговата компанија се заминава со градежништво. „Мојата компанија се занимава со градежништво и ѕидање на деловни објекти во Истанбул. Ние не делуваме во Средоземното Море, како ни во Сирија, ни во Ирак, рече Билал Ердоган. На прашањето дали компнаијата на неговиот брат се занимава со трговија со нафта со ИСИС, помладиот Ердоган рече дека тоа не е вистина, иако потврди дека таа фирма се занимава со транспорт. На крајот на ноември сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем изјави дека синот на турскиот претседател е вмеѓан во нелегална трговија со нафта со Исламската држава. Според неговите збориви, поради таа причина Турција го соборила рускиот авион СУ-24 на територијата на Сирија.
Р.Ф

Слично