Редефинирањето не значи федерализација, објаснуваат од БЕСА
Од БЕСА објаснуваат дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев не разговарале за федерализација на Македонија, туку за редефинирање на државата.
Тоа се две различни работи, тврдат од партијата. Велат дека федерализацијата не е ниту во нивната партиска програма. Претседателот на БЕСА, Биљал Касами, на Алсат М кажа дека Заев еднаш засекогаш сфатил дека, Македонија не може да биде држава со механизми кои ги држат Албанците далеку од институциите, бидејќи тие ја голтаат државата и им се враќаат како бумеранг на Македонците.
Слично
