Економија, финансии, бизнис

Контакт

Речиси илјада од вработените во „Македонски шуми“ уште немаат работа

Речиси илјада од вработените во „Македонски шуми“ уште немаат работа
Иако беа примени 1.600 лица од „Македонски шуми“, досега само 650 добиле решение за работа. Како што информираше директорот Жарко Караџоски, допрва ќе се одлучува каде ќе бидат распределени останатите лица при што работа ќе им се бара во државните и јавните претпријатија. „Процедурата на пријавување и превземање се одвива секојдневно. Неколку институции треба да потпишат додека се пријават и одјават и затоа не може да се заврши се во еден ден. Секојдневно од 100 до 140 апликации се решаваат“, рече Караџоски. Оние кои пак беа избрани за работа, ако не го прифатат местото кое им го нудат, можат да се откажат од работата. На нивно место рече Караџоски, ќе дојдат други пониско рангирани на огласот каде аплицираа 25 илјади лица. „Сите се понудени да учествуваат во проектот доброволно, бидејќи никого со сила не можете да натерате да превземе вработени. Ако Владата пуштила препорака до некоја институција или локална самоуправа да преземе дел од вработените од огласот за прием на 1.600 лица во ЈП Македонски шуми не значи дека мора да превземат“, рече Караџоски истакнувајќи дека секој од 1.600-те лица ќе биде згрижен. Во меѓувреме дел од локалните власти, одбија да ги прифат овие вработени, на кои во прв ред прерасподелување им се бараше во локалните институции. Интересот за огласот за социјалните државни вработувања огромен. За едно место конкурираа повеќе од 16 лица. Извлкувањето се емитуваше во живо на државната телевизија, исто како и потпишувањето на договорите за работа.
Слично

Поврзани вести