Речиси двојно зголемена добивка на Стопанска банка – Скопје во првите три месеци на 2014-та
Стопанска банка - Скопје го објави неревидираниот консолидиран извештај за работата во првото тримесечје од 2014-та година.
Според извештајот доставен до Македонска берза, банката во периодот од јануари до крајот на март 2014 година остварила добивка од 431,4 милиони денари (околу 7 милиони евра). За споредба, во истиот период лани, банката остварила добивка од 282,9 милиони денари (околу 4,6 милиони евра).
Банката бележи раст на приходите и од камата и од провизии и надомести, а во истовреме успеала значително да ги намали расходите.
Слично
