Речиси два милиона биометриски лични карти издадени во Македонија!
Вкупно 1.934.323 биометриски лични карти се издадени досега во Македонија, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која имаше координација со надлежните од управните служби во пресрет на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори.
Покрај ова, издадени се вкупно 1.857.909 биометриски пасоши, а 124.962 граѓани се водат во евиденцијата како државјани, но немаат ниту еден биометриски документ.
„Карактеристично за овие избори е тоа што замената на документите започна во 2007 година, а во меѓувреме дел од издадените документи ја изгубиле својата важност заради истек на рокот. Таквата бројка на документи е 12.255“, рече Јанкуловска.
Во периодот до изборите, сите документи ќе се разгледуваат во брза постапка односно веднаш ќе се одобруваат и изработуваат, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои сакаат да гласаат.
Слично
